Цел

    Основна цел на здружението Вилсон Македонија е овозможување на подобри услови за справување со предизвиците со кои се соочуваат пациентите со Вилсонова болест во Р. Македонија, преку:
    • Подигнување на нивото на стручност на медицинскиот персонал за идентификација, дијагностицирање и следење на пациентите
      • обучување на лекари и специјалисти за препознавање на симптомите на болеста и нејзино понатамошно следење и третирање, преку организирање на семинари и предавања поддржани од истакнати доктори светски експерти во третманот на Вилсоновата болест
      • запознавање на лекарите од примарната здравствена заштита низ државата со симптомите на Вилсонова болест, со цел нивно навремено препознавање и пренасочување на пациентите кон стручни лица
    • Oбезбедување третман и нега на пациентите со финансиска поддршка од Министерство и Фонд за здравство
      • лобирање за обезбедување третман и нега на пациентите со ставање на лековите на позитивната листа на ФЗОМ
      • формирање партнерство со Фондот за регистрирање на лековите во државата
    • Градење на системи за поддршка на лицата со Вилсонова болест и нивните семејства
      • месечни средби на лицата со Вилсонова болест и нивните семејства со цел споделување на искуства во поглед на третманот и диететиката, како и соочувањето со предизвиците кои ги носи болеста
      • соработка со здруженијата од регионот и организирање на годишни средби со заболените од Вилсонова болест во регионот, со цел подобро вмрежување на пациентите и подобрена размена на искуства од странство.
    • Подигање на свеста и подобро информирање за Вилсоновата болест и ситуацијата со која се соочуваат пациентите
      • печатени информативни материјали и веб-страна како можност за непосредно запознавање на заболените, нивните семејства, но и сите други кои се заинтересирани, со Вилсоновата болест - начинот на препознавање, терапија, исхрана, искуства, како и активностите на здружението

    Social media