ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ ВО МАКЕДОНИЈА
    НЕВИДЛИВИ ПРЕД ЗАКОНОТ

    Здравјето е основно човеково право, без оглед на тоа дали станува збор за честа, позната болест или ретка болест со која се соочуваат релативно мал број луѓе. Сепак, лицата со ретки болести во Македонија се маргинализирана група што не е законски заштитена во остварувањето на своите основни права на обезбедување терапија, дијагноза и контрола на болеста.

    Овој документ има цел да ги претстави проблемите со кои пациентите и нивните семејства се соочуваат во обидот на остварување на своите права на здравствена заштита. Од друга страна, документот ги опфаќа и проблемите што се појавуваат во здравствените институции при дијагностицирањето и третманот на овие болести.

    Врз основа на анализа на постојната законска регулатива по ова прашање и искуството од регионот, документот нуди конкретни предлози за промени во законската рамка што би овозможиле долгорочни решенија, наместо привремени мерки, за олеснување на идентификуваните проблеми, бидејќи третирањето на овие болести е доживотно.

    Целта на овој проект е имплементација на аргументираните иницијативи во законски решенија.



    Social media